Форумот на жени на СДСМ организира средба со стечајките за 8.Март

07.03.2017 11:41 | KumanovoNews

 Форумот на жени на СДСМ, по повод Меѓународниот ден на жената 8. Март, организира средба со стечајните работнички од Куманово.

Форумот на жени на СДСМ организира средба со стечајките за 8.Март

Празничниот ден ќе биде повод за дебата за општествената положба на жената воопшто, со посебен акцент на работничките права.

„Од неповолната економска состојба во државата најзасегнати се оваа категорија на жени, кои со години наназад водат непоколеблива битка за решавање на својот статус, но за жал досега безуспешно“, - вели координаторката на Форумот на жени на општинската организација на СДСМ, Атина Мургашанска.

Средбата е закажана во 10 часот, во Кружната сала на зградата на Комитет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk