Фото-кино клуб Козјак организира курс по фотографија

26.09.2017 10:29 | KumanovoNews

Фото кино клуб „Козјак“ и оваа година организира фото школа, а во тек се уписите за овој бесплатен курс по фотографија.

Фото-кино клуб Козјак организира курс по фотографија

Обуката ќе трае неколку месеци и неа можат да ја следат луѓе од сите возрасти дури и ако немаат искуство со фотографирање.

Како и секоја година, и оваа година организираме фото школа. Пријавувањето на кандидатите ќе трае до четврток, кога е планирано  започнување на курсот, и тоа на мејлот [email protected] на кој заинтересираните треба да остават име, презиме, телефон и електронска адреса за контакт, или директно на првиот час. Не очекува теорија, практична работа и доста дружење - изјавија од Фото кино клуб Козјак.

Првиот час ќе се одржи во четврток на 28.септември со почеток во 19:30. Од клубот ги повикуваат сите љубители на фотографијата да се пријават, а резултатите од курсот ќе биднат прикажани на Мајскиот салон 2018 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk