Фото вест: Гранки фрлени на тревник

06.08.2019 08:47 | KumanovoNews

Растителен отпад наместо на депонија заврши покрај контејнер на тревник на главната сообраќајница на влезот во градот, на улицата „11 Октомври“, спроти продавницата Елида.

Фото вест: Гранки фрлени на тревник

Несовесни граѓани ги исфрлиле гранките завчера и сеуште стојат на истото место. Граѓани кои ни ги испратија фотографиите информираат дека постојано се случува отпад од секаков вид да се остава покрај овој контејнер, затоа што сторителите не се санкционираат.

„За случајот е информирана комуналната инспекција. Очекуваме да го натера несовесниот сограѓанин да го отстрани отпадот и да го казни, за да биде пример за другите да ја почитуваат јавната чистота“, - велат граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk