ФоТо вест: Трупец на пат

20.09.2018 09:33 | KumanovoNews

 Поголемо стебло од дрво оставено е на улицата „170“ во населбата Карпош, при што го попречува движењe.

ФоТо вест: Трупец на пат

Фотографијата ни ја испарати жител на населбата, кој тврди дека трупецот е поставен по локалните избори и речиси една година некој не смее да го тргне.

- Камиони не можат да поминат по улицата од него. Дрва не можеме да донесеме, а оваа улица ја користата 50 куќи од пет улици. Немаме друг пристап. Пријавивме во МВР и од таму ни велат да го тужиме приватно, и ништо не преземаа. Ни се скратува правото на непречено движење и бараме од надлежните во Општината да преземет нешто за решавање на проблемот, - ни напиша Бобан. С, кој бара решение на проблемот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk