Фотографи од „Куманово“ освоија награди во Србија

14.10.2015 08:58 | KumanovoNews

Во изминатите две недели фотографи од Фото клубот „Куманово“ учествуваа со свои трудови на изложби во Србија, Београд Фото и Сенки каде земаа награди.

Фотографи од „Куманово“ освоија награди во Србија

Владимир Јовановски се закити со златен ФИАП медал во темата природа на изложбата Сенки, а на истата освои и диплома за црно-бела фотографија. На изложбата БеоградФото, Александар Драгишевски со фотографијата „Македонско девојче“ влезе во потесниот круг на најдобри фотографии, а притоа успеа да освои диплома за фотографија. На оваа изложба ист резултат посигна и Владимир со неговите фотографии „Ѓуро на Велигден“ и „Калемегдан“.

Доколку направиме анализа на сè она што не опкружува, може со сигурност да кажеме дека Македонија не ни нуди посебни услови за фотографија на тема природа, која се вклопува во дефинициите на светските фото организации. За да направите ваква фоторафија, а подоцна да треба ја ставите на мерило со пејзажите од Исланд, пустините на Оман, изгрејсонцата во Кина и притоа да освоите прва награда, говори за умешноста и креативноста на нашите автори. Овие традиционални изложби годинава имаа голем прилив на автори од повеќе од 60 земји, па од таа причина освоените награди ги сметаме драги за нас, но истите се особено важни како за нашиот град, така и за Македонија - вели фотографот Владимир Јовановски.

Резултатите и постигнувањата на членовите на Фото клуб „Куманово“, го ставаат нашиот град на пиедесталот на успешни и познати клубови како на Балканот, така и на светско ниво.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk