Фотографите од „Куманово“ со награди во земјава и странство

03.11.2015 12:29 | KumanovoNews

Во последните две недели фотографите од фото клуб „Куманово“ се закитија со нови награди во земјава и странство.

Фотографите од „Куманово“ со награди во земјава и странство

Серијата на успеси ја започна Владимир Јовановски кој на изложбата „CIPAE“ во Египет освои ФИАП диплома за црно-бела фотографија. Награди продолжија да се нижат на меѓународните изложби во Македонија, па така на „Илузија“, која се организира во Кичево, ПСА рибон освои Софија Петковска. На изложбата „Прилеп Салон“ со ПСА рибони се закитија Александар Драгишевски и Жаклина Стефановска, а Владимир Јовановски освои дури два златни медали. Сличен успех имаа и на изложбата во Чачак, каде Владимир освои ПСА златен медал и Салон бронзен медал, а притоа не заостана и Александар кој зеде ФСС рибон. Во Лапово, на изложбата „Trains“, Ивана Илиевска овои УПИ рибон, а Александар ИААП рибон.

Пред три години една мала група искрени љубители на фотографската уметност, дава иницијатива за формирање на фото клуб “Куманово“. Иако потајно посакуваме, воопшто не насетувавме за големината и значајот на нашата идеја. Три години неуморна работа подоцна, нашата идеја, нашиот клуб израсна во двигател на уметничката фотографија на Балканот и пошироко. Освен едукативните активности, особено се истакнавме на излагачко поле, а при тоа слободно може да кажеме дека кај и да се појават нашите фотографии, награди следуваат - изјави Софија Петковска, претседател на фото клуб „Куманово“.

Фотографката Ивана Илиевска објаснува што е потребно за да еден фотограф биде успешен во својата работа.

Постои еден креативен дел од секунда кога фотографирате. Вашето око мора да ја види композицијата или изразот што самиот живот ви ја нуди, и мора да знаете со интуиција кога да кликнете на камерата. Тоа е моментот кога фотографот е креативен. Ако го пропуштите моментот, тој е исчезнат засекогаш - вели Илиевска.

Успешноста на авторите на фото клуб „Куманово“ го постигнаа во Србија, беше причина за покана за учество на фото колонијата „Петруш“ во Забрега, каде два члена на клубот се претставија со свои презентации.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk