Францускиот амбасадор во посета на општина Куманово

06.11.2017 13:02 | KumanovoNews

Амбасадорот на Република Франција во Македонија Кристијан Тимоние, денеска беше во посета на општина Куманово и се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски.

Францускиот амбасадор во посета на општина Куманово

На средбата било разговарано за продлабочување на соработката меѓу француските и кумановските училишта, како и отпочнување на нови проекти.

„Денеска група ученици ќе заминат во посета на француско училиште каде работат на заеднички проекти. Разговараме и за можна соработка преку невладините организации преку кои ќе бидат вклучени припадници од сите етнички заедници од Куманово. Ќе продолжам да ја негувам добрата соработка со француската амбасада и ќе ги продолжам со имплементација на сите започнати преокти“, - изјави по средбата Димитриевски.

На средбата градоначалникот и амбасадорот зборувале и за отпочнување нови проекти, при што граѓаните на двете држави ќе имаат можност за меѓусебно запознавање и соработка.

„За нас, Куманово мора да биде симбол на успешна Македонија, бидејќи со различните заедници кои што живеат во општината, со културната традиција, со историјата, градот Куманово треба да покаже дека е град кој чекори кон Европа. Овие малди кои утре заминуваат за Франција се вистинкси симбол на градот“- изјави Тимоние.

Тој се заблагодари на семејствата од градот кои претходно ги пречекале француските средношколци, нагласувајќи дека токму на тој начин се подготвуваат утрешните европски граѓани.

„ Предлагам Куманово да стане своевидно француско-македонско ателје за утрешна Европа“, рече амбасадорот.

Градоначалникот и високиот гостин ја посетија гимназијата „Гоце Делчев“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk