Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Охрид викендов се одржа второто по ред Балканско шоу „Nook Internacional day 2025“, на кое учествуваше фризерското студио „Нате“ во сопственост на Наташа Додевска од Куманово.
Манифестацијата ја отворија минатогодишните победнички од Сараево, Наташа Додевска, Маја Алексовска и Стојче Трајчева, кои го донесоа пехарот и настанот во Македонија.
Оваа година во натпреварувачкиот дел учествуваа фризери од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, а во ревијалниот дел настапија културно-уметнички друштва и маестралниот стилист за коса Борис Обрешки.
„Ние со својот перформанс ја претставивме македонската традиција која постоела во минатото, постои и денес, а ќе постои и во иднина. Во сето тоа ни помогнаа играорците на КУД „Карпош“ од Куманово. Од плетенките на нашите баби, украсени со ленти и цветови, до современите, смели и автентични стилови – македонската коса носи историја. Таа е сведок на времиња, на радости, на борби и на убавини што никогаш не избледуваат. Таа не е само нишка по нишка – таа е симбол. На идентитет, на женственост, на народна гордост. Секоја жена што ја носи – ја продолжува приказната за нашето културно наследство, облагородено со современ дух и индивидуална изразеност“, вели Додевска.
Манифестацијата ја организира Макси Ексклузив од Битола. Годинешни победници се претставниците на Србија, кои догодина ќе го организираат „Nook Internacional day“.
(ПР Текст)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk