Фрлени 70 тони сол на кумановските улици

26.02.2018 10:44 | KumanovoNews

Над 70 тони сол фрли зимската служба на улиците во Општина Куманово при расчистување на снегот.

Фрлени 70 тони сол на кумановските улици

Градоначалникот Максим Димитриевски објави дека 6 тима работат на справување со снегот по кумановските улици.

„Од вчера до денеска 6 тима работат на расчистување на улиците во градот и приградските населби и села во три фази по приоритет на сообраќајниците. Фрлени се 70 тони сол.Паралелно се чистат тротоарите во централно подрачје на градот. Апелирам до трговските, угостителските и други објект да постапат согласно законот и да се вклучат во расчистување на снегот пред нивните локали“, - објави градоначалникот Максим Димититевски.

Граѓаните реагираат дека снегот не е исчистен по улиците во населбата Карпош, Бабин Дол, селото Романовце, и дека треба да се чисти и периферијата на градот, а не само улиците во централното градско подрачје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk