Фудбал на кеј

12.06.2010 11:55 | KumanovoNews

Љубителите на фудбалот, од денеска ќе може на отворено да го следи светското фудбалско првенство на големите екрани поставени кај игралиштата на булеварот „Октомвриска револуција“. 

Фудбал на кеј

Ова го овозможи локалната самоуправа и во кафулето постави двa големи плазма телевизори за да можат граѓаните да уживаат додека трае натпреварот помеѓу најдобрите репрезентации во светот. Високите температури полесно се подносливи близу река па затоа Градоначалникот и советот на Општината се надеваат дека со овој гест ќе допринесат граѓаните не само да уживаат во амбиентот, туку и да ги избегнат градските жеги, да се релаксираат и забавуваат.

Овие погодности кумановци ќе ги имаат се до 11 јули, до финалниот натпреваркога и официјално ќе биде прогласена најдобрата фудбалска репрезентација во светот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk