Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Играчи се степале на фудбалски натпревар, а кога полицаецот сакал да ги раздели се нафрлиле врз него.
Инцидентот се случил во саботата попладне на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Башкими“ и ФК„Карпош“ на игралиште во селото Шупли Камен. Кога фудбалерите почнале физички да се пресметуваат на терен излегол полициски службеник за да воспостави ред. Тогаш неколку лица го нападнале и го фатиле за вратот, па почнале да го влечат за униформата. При тоа нанеле телесни повреди. За да ја спречи тепачката полицаецот во воздух испукал три куршуми од службениот пиштол, по што напаѓачите се разбегале. Во СВР-Куманово сам се пријавил Д.Х.(23) од Куманово, кој бил учесник во нарушувањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk