Фудбалерките од “Кочо Рацин“ освоија второ место

09.04.2013 08:43 | KumanovoNews

 Женската фудбалска екипа од ОУ “Кочо Рацин“ освои второ место на регионалниот натпревар, кој викендов се оддржа во Ранковце.

Фудбалерките од “Кочо Рацин“ освоија второ место

Во конкуренција на повеќе екипи од регионот ние сме на втора позиција. Задоволни сме од постигнатиот резултат. Имаме добри услови за спортување во училиштето, имаме спортска сала, игралиште и лани на општинско ниво бевме прогласени за најспортско училиште - вели Драгиша Цветковиќ, директор на училиштето.

Тој објаснува дека во нивното училиште учениците тренираат фудбал, кошарка, ракомет и одбојка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk