Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фондот за здравствено осигурување од 1 октомври стартува со кол центар за комуникација со хронично болни осигуреници од дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања.
Составени се 10 тимови од вработени од поголемите подрачни служби, при што се вклучени и луѓе од подрачната служба од Куманово. Тие ќе ги потсетуваат хронично болните за прегледите кои треба да ги извршат во текот на годината. Проектот ќе тече континуирано, а комуникацијата ќе се одвива со телефонски јавувања, смс пораки и електронска пошта. На овој начин ФЗОМ сака да ја подигне свеста кај граѓаните за грижа за своето здравје.
Според податоците од ФЗОМ, во североисточниот регион има 5.733 болни од дијабетес, со нефролошки болести се 390 луѓе, а 9.361 се со кардиоваскуларни заболувања.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk