„Гарден“ нова цвеќарница во градот

10.12.2014 15:27 | KumanovoNews

Нова современа цвеќарница е отворена на улицата “Илинденска“, спроти сендвичарница “Аркадија“.

„Гарден“ нова цвеќарница во градот

 „Гарден„ е богато снабдена со свежо и саксиско цвеќе, садници, земзелени дрвца, а професионалниот тим ќе врши и украсување на просторот за свадби и други веселби, украсување на подароци и достава на цвеќе по нарачка.

“ Имаме квалитетен асортиман на различни видови на цвеќе. На пролет ќе понудиме и хортикултурно уредување, средување на дворови, тераси, ќе располагаме со голем асортиман на балконско цвеќе. Сега е зима и уште е рано, но во пролет ќе имаме и таков вид на цвеќиња. Ќе има вештачко цвеќе, разни мали украси, свеќници, вазни, саксии. Но најмногу внимание ќе обрнеме на продажбата на свежо цвеќе и изработка на букети за разни поводи, кои по нарачка ќе ги доставуваме и на домашна адреса“ - вели Тања Јакимовска, сопственичка на “Гарден“.

Цвеќарницата од понеделник до сабота ќе работи од 9 до 20 часот, а во недела од 10 до 17 часот. Нарачките ќе се примаат на телефоните: 031/431-911 и 077/ 755-175. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk