Со нож нападнати и повредени малолетници што питачеле

09.10.2024 11:13 | KumanovoNews

Две малолетни лица синоќа биле нападнати и повредени во близина на Автобуската станица во Куманово. Инцидентот се случил пред 22 часот, по што интервенирала полицијата и го привела напаѓачот.   

Со нож нападнати и повредени малолетници што питачеле

 „На 8 октомври во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.К.Б.(28) од Сојузна Република Германија затоа што на улица „Доне Божинов“ во Куманово со остар предмет нападнал двајца малолетници додека питачеле, кои се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти СВР Куманово. 

Напаѓачот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk