Газда од Куманово барал работниците да му вратат дел од плата

12.12.2017 08:40 | KumanovoNews

  Газда на погон за производство на чевли во Куманово, барал од работниците да му вратат дел од мининамалната плата што им ја исплатил за октомври.

Газда од Куманово барал работниците да му вратат дел од плата

Дел од работниците му ги вратиле парите што ги барал, а дел се побуниле и ја прекинале работата. Случајот го пријавиле во невладината организација „Гласно текстилец“.  

„Откако интервениравме им беше речено да не ги враќаат парите, но наредниот ден продолжиле притисоците да ги вратат парите.  Моравме да интервенираме за да престанат пристисоците и случајот го пријавивме во Трудовата инспекција. Работниците ни потврдија дека излегле на терен“, - изјави Кристина Ампева, претседател на „Гласно текстилец“.

Таа додава дека услови за работа во кумановските чевларски погони и фабрики е многу лоша и дека работниците се жалат на искористување на нивниот труд. Деновиве имало пријави од работници дека газдите го злоупотребува системот за евиденција на работното време и не им плаќаат за прекувремена работа и работа за празник, нуту пак им е уплатен К-15.

Од Здружението ги охрабруваат работниците да ги пријавуваат злоупотребите на газдите за минимална плата, за да можат навреме да се реагира. Враќањето на пари од плата е кривично дело и се казнува со затвор од три месеци до 1 година.

Покрај во Куманово злоупотреба со минималната плата имало и во Делчево и Валандово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk