Газди на коцкарници на диво заработиле 250.000 евра

30.05.2012 06:54 | KumanovoNews

 Кривични пријави за вршење на нелегален бизнис во непријавени коцкарници заработија двајца газди, чии објекти беа затворени и пломбирани од УЈП во акцијата „Детонатор„.

Газди на коцкарници на диво заработиле 250.000 евра

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.А.(55) и А.Ј.(27)  двајцата од Куманово, за сторени кривични дела „комар“ и „даночно затајување“.

Во период од октомври 2010 до април 2012 година, С.А. спротивно на Законот за игри на среќа без да поседува лиценца во деловен објект во локалитетот „Гарнизон“ во Куманово организирал игри на среќа, притоа одбегнувајќи да плати месечен надоместок за 13 покер апарати. На овој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 166.500 евра.

Вториот А.Ј. во текот на февруари и март годинава, исто така на диво организирал игри на среќа без да поседува лиценца, во објект во село Лопате, без да плати месечен надоместок за 13 покер апарати. На овој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 88.500 евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk