Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, од Куманово ги повика работодавачите да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство за заштита на работниците од високите температури, бидејќи државата се наоѓа во портокалова фаза.
„Сите работодавачи се обврзани да ги почитуваат препораките на Министерсвото за здравство, дадовме и мобилен телефон и ги замолувам сите граѓани коишто имаат потреба да пријават, и дежурните инспектори ќе излезат на терен. Досега до мене нема ни една полака, но сигурно до Државниот инспекторат има, бидејќи знате дека многу тешко ни оди работодавачите да ги почитуваат одредбите, но многу е важно здрави работници, коишто се способни за работа и се потребни на Македонија и затоа е важно да ги заштитиме во вакви моменти и да се почитуваат препораките е моја препорака како министер, - изјави Царовска во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk