Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Уште два дена имаат сопствениците на угостителските објекти да поднесат барање за поставување на урбана опрема на јавно-прометните површини во градот.
Доколку тоа не го сторат до 15 април, ќе се соочат со казни.
„Сопствениците на кафиќите треба да земат решенија и одобренија за поставување на урбана опрема маси и столови, како и одобренија за поставување на тенди или настрешници. За сето тоа последен рок е 15 април, доколку не ја почитуваат одлуката ќе почнеме со присилно отстранување на урбаната опрема„, - изјави Верче Лазаревска од Секторот за инспекциски надзор.
Дел од газдите веќе доставиле барања, а има и такви што започнале со поставување на урбана опрема без дозвола на општината. Токму затоа на слаткарница спроти Црвениот крст и беше тргната металната конструкција, додека не се одлучи дали истата ќе смета на граѓаните за непречено движење или не.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk