Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) Куманово, бара од надлежните институции да ја санкционираат фирмата којашто врши реконструкцијата на железичкиот мост во населбата „Перо Чичо“, бидејќи го пробила договорениот рок за завршување на работата, па сега последиците ги трпат граѓаните.
- Реконструкцијата на мостот за железнички сообраќај во населбата „Перо Чичо“ ја врши странската фирма WIBE, која побарала одобрување истата да ја заврши до ноември 2019 година. Рокот пробиен за повеќе од три месеци. Има ли одговорни лица кај државните органи што ќе извршат инспекција на лице место и што ќе констатираат неправилности и пробивање на роковите? Или ние умееме само да плаќаме пенали на странските фирми кога Владата нема да испочитува рокови, а обратно нема кој да ги повлече конците? Па ќе го преплаќаме автопатот на странците, а ќе опростуваме нивни грешки, - соопштуваат од партијата.
Од таму додаваат дека тука секојдневно поминува и првиот човек на државата. И додека Кинезите поставуваат нови стандарди во градежништвото и градат болница за 10 дена, кај нас реконстукцијата на мостот трае цела вечност.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk