Геомеханички испитувања на автопатот кај Романовце

20.11.2013 09:54 | KumanovoNews

Денеска и во наредните два дена геомеханички истражни работи ќе се изведуваат на  автопатот Куманово - Скопје, кај наплатна рампа Романовце.

Геомеханички испитувања на автопатот кај Романовце

Работите ги изведува фирмата “Геинг“ од Скопје од 6 до 19 часот. Поради тоа на автопатот ќе има изменет режим на движење и едната сообраќајна лента ќе биде затворена.

По завршување на истражувањата ќе биде изработен проект за рехабилитација и реконструкција на патниот правец Миладиновци - Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk