Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Геометарот И.А.(52) од село Режановце ја злоупотребил службената положба со тоа што незаконски препишал парцели на жител од селото Буковљане.
Наместо да поправи техничка грешка во катастар, геоматарот незаконски издал потврда и извршил промена, по што имотот и парцелите ги запишал во имотен лист на пријавителот и предметот не го пратил до одговорниот во Одделение за катастар.
Тој не направил службена белешка со која ќе образложи како е направена споредба со податоците од пописниот катастар и новиот премер. Со оваа постапка И.А. ја оштетил Република Македонија за имот под шуми со површина од 85.924 квадрати.
Геометарот ќе одговара за злоупотреба на службена положба и овластување.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk