Германска донација за болницата

30.05.2014 12:58 | KumanovoNews

 Донација со медицински апарати од “Еуро бајкер“ од Германија, утре ќе биде предадена во Општа болница,  Домот за стари лица “Зафир Сајто“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби кај Чик.

Германска донација за болницата

 - Донацијата се состои од пет шлепери медицинска опрема кои ќе бидат распоредени во три центри во Куманово. Во чест на оваа донација го правиме хуманитарниот концерт “Мото рок фест“ за да не помине незабележано. Ќе има конвој со помош за Македонија, Албанија и Косово и ќе дојдат 50 до 100 моторџии кои што бидат сместени во Куманово овие два дена - вели Ивица Петковски, член на мото клуб “Мечки“.

Концертот во организација на мото клуб “Мечки“  вечерва ќе почне по 18 часот, ќе трае два дена и на него ќе настапат повеќе рок бендови од Куманово, Скопје и од Бор, Србија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk