Германска компанија врши испитувања за изградба на ветерници во Куманово и Крива Паланка

05.01.2021 13:45 | KumanovoNews

Германска компанија врши истраживања на теренот за да утврди дали има услови за изградба на ветерници на потегот помеѓу Куманово и Крива Паланка.

Германска компанија врши испитувања за изградба на ветерници во Куманово и Крива Паланка

Премиерот Зоран Заев кажа дека станува збор за голема инвестиција  од компанија која има искуство и во други земји во регионот.

„Се прават мерења за околу 400 мегавати ветерници на потегот Крива Паланка-Куманово, каде што германска компанија која има портфолио од 5.000 мегавати ветерници, само 500 во Хрватска. Веруваме дека ќе се потврди дека има доволно ветер за да се реализира оваа инвестиција од 500 милиони евра“, кажа Заев на денешната прес-конференција, за вложувањата во обновливите извори на енергија.

 Искористувањето на природниот потенцијал е приоритет во земјата , па ветерници веќе има изградено во Богданци, а ќе се градат и во Демир Капија, Кочани и Дебарца.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk