Ги фатиле додека плевеле марихуана

04.07.2012 13:54 | KumanovoNews

 Двајца кумановци одгледувале марихуана на нива во кумановското село Довезенце, а ги фатиле кога дошлат да ја плеват.

Ги фатиле додека плевеле марихуана

По предходни сознанија полицијата вчера ги начекала двајцата кумановци кога дошле во нивата да го исчистат од трева насадот . До селото пристигнале со голф, при што А.И.(26) е уапсен на лице место, а неговиот пријател успеал да побегне.

 СВР Куманово подолг период врши опсервација  на терен. Најдени се 127 стебла од растението канабис сатива. Сторителот и е познат на нашата служба и против него претходно е поднесена пријава за лажно пријавување на кривично дело тероризам. Ќе биде спроведен до Основен суд Куманово, а по другиот сторител полицијата трага - изјави Валентина Николовска, портпарол на СВР Куманово.  

 Марихуаната е засадена на површина од 200 метри квадратни на две одвоени парцели покрај реката Пчиња на м.в.„Тескоќа„.

Полицијата два месеци го надгледувала теренот. Се проценува дека од продажба на стеблата канабис сатива двајцата кумановци можеле да заработат 150.000 евра.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk