Ги испотепале затоа што не им дале алат

10.06.2013 11:03 | KumanovoNews

 Роднини испотепеле сопственици на авто-работилница, затоа што не им дале акумулатор и алат сами да го поправат возилото.

Ги испотепале затоа што не им дале алат

Инцидентот се случил вчера околу 14,30 часот, на м.в. „Говедарски Пат“, во близина на Филтер станицата во Куманово, кога А.Љ.(17) од Куманово отишол во работилницата на Џ.Љ.(52) за да побара акумулатор и алат за работа. Кога синовите на газдата, Г.Љ.(35) и Р.Љ.(42) не му го дале алатот, момчето си заминало и по кратко време се вратило заедно со неговиот чичко Р.Љ.(34) и неговите браќа Е.Љ.(42) и Џ.Љ.(39). Меѓу двете групи мажи прво настанала расправија, која потоа прераснала во тепачка, во која била употребена и дрвена палка. Во пресметката еден од газдите на работилницата Г.Љ. се здобил со тешка телесна повреда  на рака.  Тој е пренесен во Кумановската болница, а лекарска помош побарале и останатите учесници во тепачката.

Од СВР Куманово се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk