Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца пензионери вчера биле ограбени од непознато лице, додека биле на викендичка во кумановско, Агино Село.
Разбојништвото се случило околу 11.00 часот на место викано „Перево Трло“, пред викендица сопственост на Љ.С. (72) од Скопје и неговиот пријател Д.Т. (70) од Скопје. Сторителот со закана со пиштол од Љ.С. одзел 330 денари и мобилен телефон, а од Д.Т. одзел 1.600 денари, мобилен телефон и прстен.
После тоа ги заклучил во викендицата и побегнал со патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на зетот на Љ.С.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk