Ги оставале децата да питачат на граница

31.10.2011 11:48 | KumanovoNews

 С.М. (38), Ѓ.М. (31), Х.Ф.(48), С.О. (48), Ж.Џ. (28) и Р.С. (37), сите од Куманово ги оставале нивните деца да питачат на граничниот премин Табановце. 

Ги оставале децата да питачат на граница

Пријавените во текот на август и септември заработувале на своите малолетни деца, така што ги терале на граничниот премин да останат по цел ден за да бараат пари од патниците.  Родителите биле пријавени во полиција, а во соработка со Центарот за социјални работи малите деца запуштени и извалкани се најдени како талкаат на граничниот премин. Родителите заработиле кривични пријави за запуштање и малтретирање на малолетни лици.  Во текот на минатиот месец, полицијата откри 7 деца питачи на кумановските улици.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk