Ги привеле затоа што ја попречувале изградбата на автопат

22.07.2010 09:37 | KumanovoNews

Семејството  Станоевски незадоволно од цената за експропријација на земјиште сакале да ги спречат градежните работи  во нивната нива додека не добијат правосилно решение од судскиот спор против државата.

Ги привеле затоа што ја попречувале изградбата на автопат

 Миливој и Снежана Станојевски од  Табановце вчера биле приведени во Полициската станица во Куманово затоа што ja попречувале изградбата на автопатот. Семејството  Станоевски незадоволно од цената за експропријација на нивното земјиште сакале да ги спречат градежните работници да влезат во нивната нива додека не добијат правосилно решение од судскиот спор против државата.

Ние не сме против изградба на автопатот, но бараме повторно вештачење и чекаме правосилна одлука пред да ни го одземат дворот.Не се согласуваме да ни се плати само по 3 евра од квадрат, затоа  што имотот ни вреди над 30 евра по метар квадратен- вели Снежана Станојевска.

 Од Агенцијата за државни патишта велат дека во случајот со парцелата на Станојевски, до сега од судот немаат добиено времена мерка за забрана на работите. Изградбата на автопатот е од капитално значење и ќе продолжи да се гради, бидејќи има правосилното решение за експропријација на имотот  што го издала Управата за имотно правни работи.По неколку часовен престој во полицијата семејството Станоевски околу 17 часот било пуштено дома. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk