Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вооружени разбојници нападнале и ограбиле двајца кумановци откако ги врзале со кабел на викендичка во кумановското село Зубовце, а потоа побегнале со нивниот автомобил.
Нападот се случил вчера околу пладне, кога З.С.(51) сопственик на викенд куќата и неговиот сосед Л.Д.(64) од Куманово, заминале на викендичката и на влезната врата ги пречекало непознато машко лице кое им вперило пиштол и наредило да влезат внатре. Заедно со уште едно непознато лице им пребарале по облеката и од З.С. одзеле околу 8.000 денари и мобилен телефон, а од Л.Д. одзеле околу 2.000 денари и мобилен телефон. Потоа со кабел им ги врзале рацете и нозете, и со колата „Рено Сеник“ на З.С. избегале.По неколку минути нападнатите успеле да се одзврзат, излегле надвор и од соседите побарале телефон и настанот го пријавиле во полициска станица. Од извршениот увид во викендицата, а по кажување на сопственикот од викендицата недостасуваат телевизор, сателитски ресивер, ДВД , појачувач, музички миксети и други предмети. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk