Гимназија “Гоце Делчев“ го слави патронатот

04.05.2012 10:56 | KumanovoNews

 Денеска се одбележуваат 109 години од смртта на патронот на средното училиште Гоце Делчев и по тој повод беше организирана богата културна програма.

Гимназија “Гоце Делчев“ го слави патронатот

Дел од активностите беа реализирани вчера.

Денеска пред бистата на Гоце Делчев во дворот на гимназијата вработените, делегација од општината, претставници на политичките партии, членови на Сојузот на борци и писатели положија свежо цвеќе. Во просториите на училиштето беше организираната презентација за историското значење на Гоце Делчев.

Горди сме што нашето училиште го носи името на еден голем великан, како што е Гоце Делчев. Денеска му идаваме почит за се што стори за својот народ- рече директорот на училиштето Љубиша Николиќ.

Вчера гимназијалците се напреваруваа во пинг-понг, читаа литературни творби, а од билингвалните паралелки имаше и драмски дел подготвен по повод патронатот. На настанот присуствувале и представници од Францускиот културен центар од Скопје. Фотографии направени од учениците се поставени во Центарот за култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk