Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ во сабота ќе заминат во посета на збратимено училиште, во Санкт Петербург, во Русија.
Целта на посетата е да се популаризира рускиот јазик.
„Ќе замине 16 члена делегација, 10 ученици, 5 професори и директорот на училиштето и претставник на Совет на општина Куманово. Главно разговараме за подобрување на образовниот систем во двете земји и популаризација на рускиот јазик во Македонија“, - изјави Биљана Коцевска, професорка по руски јазик.
Делегацијата ќе учествува и на меѓународната конференција на тема „Дијалог на два јазика, две култури, како еден од правците на социјално проектирање во образовната установа“. Планирани се и други семинари и средби со повеќе претставници од образовните институции на Санкт Петербург.
Соработката помеѓу кумановската гимназија и училиштето од Санкт Петербург започна во 2009 година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk