Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од Гимназија „Гоце Делчев“, членови на литературни клубови и драмски секции под менторство на наставникот Соња Тодоровска, вечерва во Кумановскиот театар ќе ја играат претставата „Хотел Крик", текст од Горјан Ивановски ученик во III-2 клас, режија на учениците Денис Петровски од IV-1 и Горјан Ивановски од III-2 клас.
Во претставата грофот и сопственикот на „Хотел Крик“, Адам бан Фишер ги кани гостите да престојуваaт во хотелот Крик, кој е еден од најпрестижните хотели во Виена, Австрија, лоциран во едно од најубавите места во градот. Овој историски објект со 4 ѕвездички гарантира дека гостите ќе останат без здив и повторно ќе сакаат да се вратат. Тој им порачува: „Ве очекуваме со полно срце и празни џебови“.
Во претставата играат Милан Димитриевски, Никола Петковиќ, Марија Стевановска, Ивана Давчевска, Иван Тодоровски, Бисера Мишевска, Анастасија Величковиќ, Камелија Крстиќ и Јована Стајковска.
Почетокот е вечерва во 20 часот, во Народниот театар Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk