Гимназијалци донираа облека за сиромашните семејства

22.03.2013 15:51 | KumanovoNews

  Ученици од гимназијата „Гоце Делчев„ во хуманитана акција собрале над 200 пакети  облека и обувки.

Гимназијалци донираа облека за сиромашните семејства

Помошта денеска беа предадени во Црвен Крст, а потоа ќе бидат поделени на сиромашни семејства. Акцијата е направена на ицијатива на одговорните служби  во гимназијата.

 Ваква акција е организирана повеќе пати, но вчера беше во голем обем. Масовно донираа ученици од прва до четврта година. Акцент беше ставен на собирање на облека, обувки и книги. Книгите ќе останат во нашата училишна библиотека. Сите други работи ќе ги предадеме на општинска организација на Црвен Крст и тие ќе ги дадат на граѓаните на кои ова им е потребно - изјави Драган Илиевски, професор одговорен за соработка со Црвен Крст.

Тој додава дека се собрани 200 пакети, а од Црвен Крст велат дека оваа помош ќе им биде поделена на поголем број загрозени семејства.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk