Гимназијалци заминуваат на размена во Дуе

06.11.2015 09:31 | KumanovoNews

Тројца професори и 15 ученици од Гимназијата “Гоце Делчев“ во саботата заминуваат на размена во францускиот град Дуе, каде ќе престојуваат до 14 ноември.

Гимназијалци заминуваат на размена во Дуе

Учениците подготвија презентација за писателот Жил Верн, со која таму ќе се претстават.

Местото каде е починат Жил Верн е во близина на гратчето кое нашите ученици и професори ќе го посетат и затоа за него направија презентација. Ќе има и квиз прашања за нивните ученици кои веќе биле во Македонија, за да се види колку ја познаваат земјата. Еден ден од престојот е за посета на Париз - изјави Милена Денчевска, професор по француски јазик.

Дуе е мало гратче во северна Франција, а соработката со тамошното училиште трае три години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk