Гимназијалците во посета на своите врсници во Франција

01.11.2013 09:10 | KumanovoNews

 Од денеска до 12 ноември ученици од билингвалната паралелка од гимназијата “Гоце Делчев“ и нивните професори ќе бидат во посета на училиште во Дулен, Франција.

Гимназијалците во посета на своите врсници во Франција

За време на престојот во Дулен ќе биде потпишан и меморандум за соработка меѓу двете училишта.

Во Франција ќе заминат 30 ученици и 4 професори. Ќе го презентираме културното наследство на Куманово, ќе има спортски и образовни  активности. Тоа е училиште во кое се образуваат гимназијалци и ученици од други струки - вели директорот Љубиша Николиќ.

Лани претставници од тамошното училиште беа во посета на кумановската гимназија.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk