Гимназијата ќе го одбележи роденденот на Гоце Делчев

03.02.2014 08:55 | KumanovoNews

Пред бистата на Гоце Делчев во дворот на Гимназијата утре во 11 часот ќе биде положено свежо цвеќе по повод неговиот роденден.

Гимназијата ќе го одбележи роденденот на Гоце Делчев

Цвеќе ќе положат делегации од општината, политичките партии, невладините организации, јавните претпријатија, борците, писателите и други. Учениците преку биографските податоци ќе говорат за ликот и делото на Делчев.

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш. Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887).  Во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ раководел таен ученички револуционерен кружок  и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.

Гоце Делчев бил идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk