Гимназијата го прослави патрониот празник

04.05.2010 13:06 | KumanovoNews

 Во гимназијата „Гоце Делчев„ денеска се одбележаа 107 години од загинувањето на македонскиот револуционер и хуманист Гоце Делчев и 65 годишнината од постоењето на оваа училиште.

Гимназијата го прослави патрониот празник

 Да се зборува за животот и делото на нашиот патрон Гоце Делчев е навистина голема почит и гордост,но истовремено  е и голема обврска. Делото на нашиот херој Гоце Делчев, како и на сите револуционери кои ги положија животите за нашата Македонија не прави горди и секогаш на вакви денови не обврзува да се потсетиме на нивната храброст и пожртвуваност- рече директорот на гимназијата Љубиша Николиќ.

Тој нагласи дека училиште успешно се справува со сите предизвици,но  потсети и на резултатите на учениците од оваа училиште.

Тие денеска се на некоја функција, но не го заборавиле училиштето, туку напротив ни помагаат да функционираме поуспешно и да ги оствариме зацртаните цели- нагласи Николиќ.

По овој повод празникот ученици од гимназијата, прочитаа наградените трудови на темата ликот и делото на Гоце Делчев. Свежо цвеќе на бистата на големиот револуционер, покрај од училиштето,положија и претставниците од Општината, Здружението на борци, невладините и граѓанските здруженија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk