Гимназијата „Гоце Делчев“ го прослави патронатот

04.05.2018 14:41 | KumanovoNews

Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска го прослави патрониот празник, 115 години од смртта на големиот идеолог и револуционер и 73 години од своето постоење.

Гимназијата „Гоце Делчев“ го прослави патронатот

Пред бистата на Гоце Делчев цвеќе положија делегации од училиштето, локалната самоуправа, граѓански здруженија, политички партии и граѓани.

„Гоце Делчев пред повеќе од еден век водел две револуции, едната со пушка, другата со интелектуална мисла. Радоста за неговата победа, за жал, не успеал да ја почувствува, но свесно и широкоградо оставил ние да ги уживаме сите слободи за кои се жртвувал. Со неговиот просветителски ум и патриотска душа светот го доживувал како поле на натпревар меѓу народите“, - рече во својот говор директорката Марија Тодоровска.

Таа додаде дека како просветни работници и граѓани го негуваат училиштето како расадник на нови слободоумни, интелигентни и родољубиви млади генерации.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk