Гимназијата најдобра, земјоделското најслабо

26.07.2012 09:48 | KumanovoNews

 На ранг листата која ја објави Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат сумирани се резултатите од државата матура и се покажа дека гимназиите се далеку подобри од стручните училишта.

Гимназијата најдобра, земјоделското најслабо

Од кумановските средни училишта на високото осмо место се наоѓа Гимназија “Гоце Делчев“ со просек од 3,83. Гимназијата “Сами Фрашери“ има просек од 3,44 и е на 34 место на листата.

Средното техничко училиште “Наце Буѓони“ е на 60 место со просек од 2,67.

Економското училиште “Исмет Јашари“ има просек 2,66 и е на 62 место.  “Перо Наков“ е на 88 место со резултат од државна матура 2,08.

Две години по ред Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ има најлоши резултати. Нивниот просек е 1,65 и како такви се најслаби во државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk