Гимназијата одбележа 143 години од раѓањето на Гоце Делчев

04.02.2015 10:26 | KumanovoNews

Гимназијата “Гоце Делчев“ денеска одбележува 143 години од раѓањето на патронот.

Гимназијата одбележа 143 години од раѓањето на Гоце Делчев

По тој повод пред бистата во дворот на Гимназијата, цвеќе положија делегации од училиштето, општината, Советот на општина Куманово, политичките партии и други.

Присутните ги поздрави директорот Горан Димитријевиќ. На одбележувањето на овој значен датум беше кажано дека 70 години училиштето достоинствено го носи името на Гоце Делчев, чиј лик и дело се патоказ за сегашните и идните генерации.

“Во ликот и делото на Гоце Делчев се олицетворени желбата и македонскот стремеж за ослободување и создавање на македонска држава. Илинденското востание е круна на Илинденската епопеја, бисер во нашата историја“ - рекоа учениците.

Гоце Делчев е идеолог, организатор и водач на македонското националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 - от век. Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk