Гимназијата одбележува 112 години од смртта на Гоце Делчев

04.05.2015 10:08 | KumanovoNews

Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска одбележува 112 години од смртта на патронот и 70 години постоење и успешна работа на училиштето.

Гимназијата одбележува 112 години од смртта на Гоце Делчев

По тој повод делегации од општината, Советот на општина Куманово, политичките партии, борците, писателите, пезионерите и други, положија свежо цвеќе пред бистата на великанот во гимназискиот двор.

Денеска сме исправени пред овој значаен датум од македонската историја. Да оддадеме достојна почит на овој македонски син, кој целиот свој живот мечтаеше да ја види Македонија како слободна земја. Делото на нашиот херој Гоце Делчев не прави горди, а ние неговите следбеници ќе се сеќаваме и нема да дозволиме да биде заборавен - кажа ученичката Елена Трпковска.

По повод патронатот училиштето распиша конкурс на тема “Делото на Гоце Делчев, најдрагоценото богатство на македонскиот народ“ и ги награди најуспешните творби. Во училиштето беше организирана приредба и изложба за одбележување на 112 години од смртта на великанот.

Гоце Делчев бил  револуционер, деец на Македонската револуционерна борба кој загинал на 4 мај 1903 година во селото Баница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk