ВМРО-ДПМНЕ: Пуковско e заглавено во кал и со децении заборавено од локалната власт

10.10.2021 21:57 | Сузана Николиќ

Се наоѓаме во населбата Пуковско, овде ВМРО-ДПМНЕ со години и децении победува. Затоа жителите на оваа населба се казнети, со калливи улици, старо училиште и немање на тротоари, кажа Влатко Ѓорчев, кој заедно со носителката на листата Елена Доцевска-Божиновска, денеска беа во посета на населбата Иго Тричковиќ. 

ВМРО-ДПМНЕ: Пуковско e заглавено во кал и со децении заборавено од локалната власт

Но, доѓаат подобри денови. Имаме одлична програма за Куманово. Нашиот кандидат Тони Михајловски и носителката на советничката листа Божиновска, по победата на 17-октомври ќе работат на развојот на Куманово, додаде Ѓорчев, кој му посака на кандидатот за градоначалник Михајловски побрзо оздравување и враќање во кампањата.

 Носителката на листата на советници на  коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Елена Доцевска-Божиновска, пак, вели дека оваа приградска населба е заглавена во кал, отсечено од Куманово и со децении заборавено од локалната власт.

Таа најавува сериозни инвестиции во населбата: изградба на училишен двор, целосно завршување на фекалната канализација, изградба на спортски игралишта, изградба на детски катчиња, зголемување на зелените површини со нови маалски паркови, обнова на водоводната мрежа, асфалтирање и поставување на бекатон плочки на улиците, како и изградба на тротоар на патот од населба Карпош, преку населба Ајдучка чешма па до Пуковско.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk