Гласачкото ливче може да биде долго 7-8 метри поради граѓанските листи, вели Мицкоски

21.08.2025 20:43 | KumanovoNews

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста на локалните избори да има проблеми во изборниот процес поради можноста граѓански листи да се поднесуваат само со два потписа.

Гласачкото ливче може да биде долго 7-8 метри поради граѓанските листи, вели Мицкоски

„Сè е можно. Можно е гласачкото ливче да биде 7-8 метри, можно е гласачкото ливче да ги обесхрабри граѓаните да излезат на изборите и  да се намали цензусот. Но, сакам да предупредам дека согласно Уставот и Законот, ако не е успешен избирачкиот процес, Владата е таа која именува владини повереници во Општините. Неодговорното однесување на поединци или на политички партии резултира со вакви можности. Дали тоа ќе се случи ќе видими многу скоро, до 1 септември треба да заврши овој процес,“ изјави Мицкоски.

Државната изборна комисија (ДИК) донесе Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk