Главниот штаб ги прифати препораките за неносење маски во затворен простор

12.04.2022 07:24 | Сузана Николиќ

Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) синоќа ги усвои заклучокот на Комисијата за заразни болести за укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта и во затворен простор.

Главниот штаб ги прифати препораките за неносење маски во затворен простор

„Помеѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до ГККШ се и укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.

Усвоен е и заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица“, соопштува Владата.

За усвоените заклучоци, Владата ќе расправа и одлучува на следната Владина седница. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk