Глажња доби струја, Куманово нема да остане без вода

14.02.2012 11:27 | KumanovoNews

 Поправен е дефектот на електричната мрежа на езерото Глажња. Со тоа е отстранета можноста Куманово да остане без вода за пиење поради прекинатиот дотурот на вода меѓу двете брани.

Глажња доби струја, Куманово нема да остане без вода

 ЕВН синоќа го отстрани дефектор на далноводот, меѓутоа имаме проблем што темелниот вентил е замрзнат и затоа моравме водата ја пуштивме по алтернативниот турбински вод. Ниските температури ни предизвикуваат и дополнителни проблеми, но се надевам дека успешно ќе ги решиме во наредните денови  и ќе обезбедиме нормално снабдувања на вода за граѓаните- вели Филип Филиповски, директор на Водостопанство.  

Горната браната Глажња четири дена беше без струја, поради што немаше дотур на вода во акумулацијата Липково. Се користеа последните резерви, па ако дефектот не се отстранеше навремено постоеше опасност градот да остане без водоснабдување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk