Глувите деца не запишуваат факултет

18.07.2013 11:40 | KumanovoNews

 Кумановските средношколци, кои имаат проблеми со слухот и покрај тоа што се одлични ученици, ретко се запишуваат на факултет бидејќи немаат толкувач, а се соочуваат и со проблеми во патувањето до Скопје.

Глувите деца не запишуваат факултет

90 отсто од членовите на Здружението на глуви и наглуви во Куманово имаат завршено средно образование, но со години никој не се запишал на факултет.

За да завршат високо образование ќе им треба толкувач, а толкувачите се претежно во Скопје. Имавме ромско дете кое имаше добри оценки и му се понуди професорка од Скопје да му биде ментор, но поважно му беше да замине во Германија и се откажа од студирање. Оние со силна волја можат да успеат и Сојузот на глуви и наглуви многу им помага, ги следи додека се на студии, но сепак во Македонија мал дел од овие луѓе завршиле високо образование - велат од Здружението на глуви и наглуви Куманово.

Објаснуваат дека луѓето со мали оштетувања на слухот доколку носат апаратче можат да следат предавања на факултет, додека за оние со целосно оштетен слух студирањето е потешко.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk