Го истепал соседот со метална шипка

02.11.2011 13:57 | KumanovoNews

 Ц.С. (63) од Куманово се здобил со сериозни повреди по телото и завршил во болница, откако неговиот сосед го удрил со метелна прачка.

Го истепал соседот со метална шипка

Инцидентот се случил вчера во 14 часот во селото Младо Нагоричане кај месноста „Коленац“, кога Ц.С. се ретнал со неговиот сосед З.Ѓ. (50). Тогаш започнале расправија за меѓусебни недоразбиарања, по што З.Ѓ. физички го нападнал Ц.С., удирајќи го по рака со метална шипка со која работел, и му нанел тешка повреда. На Ц.С. му е укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, по што е пренесен во Државна болница Скопје, каде е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на  случајот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk