Го истепала сопругот и неговата љубовница

05.12.2012 11:39 | KumanovoNews

 Кумановка го истепала сопругот, а потоа се пресметала и со неговата љубовница, откако дознала дека се во љубовна врска.

Го истепала сопругот и неговата љубовница

Инцидентот се случил завчера вечер на улица “11 Ноември“, кога С.Б.(32) дошла во куќата на сопругот Т.Б.(36). Тие почнале да се расправаат, а потоа и се степале, при што жената му нанела повреда во пределот на главата. Изневерената сопруга оттука отишла кај С.И.(22) со која Т.Б се познавал, и се заканила дека ќе ја убие со безбол палка и ја навредувала, по што на сила ја качила во своето возило и ја однела кај мајката на Т.Б каде продолжиле кавгите.

Кумановката ќе одговара за три кривични дела “насилство“, “противправно лишување од слобода“ и “нанесување телесна повреда при вршење семејно насилство“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk