Го истепале на спиење,па му ги скршиле колата и прозорците

06.08.2011 10:44 | KumanovoNews

 О.Д.(35) од Старо Нагоричане, ноќеска бил нападнат во својот дом од од Д.Ј., Т.Ј. и М.Н. сите од населбата Бабин Дол.

Го истепале на спиење,па му ги скршиле колата и прозорците

Насилството се случило половина час по полноќ, кога тројцата пријатели на сила влегле во куќата, и почнале да се распрваваат со домаќинот. Потоа се нафрлиле врз него и го удирале со тупаници по главата и телото, му го оштетиле паркираното возило „Рено 4“, и му ги скршиле  прозорите на куќата. Откако завршиле со насилството, побегнале со такси возило. СВР-Куманово превзема мерки за расчистување на случајот.        

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk